Избраниците на Благоја Милевски со минимална предност и одлична игра заминаа на пауза во мечот против Казахстан во рамки на 3 коло од квалификациите за ЕП.

Младите надежи во текот на целото полувреме ја имаа контролата врз играта, а голот падна по грешка на Казахстанската одбрана која ја искористи капитенот Милан Ристовски и го постигна својот 2 гол за младата селекција во 15 настап.

Покрај голот на Рисотвски Македонија имаше уште две зрели шанси за погодок преку Чурлинов и Атанасов.