Над 400 навивачи се собраа во Скопје да го следат дербито во Премиерлигата меѓу Ливерпул и Тотенхем кое започнува од 17-30 часот.

Навивачи на Ливерпул од Македонија, Словенија, Србија, Црна Гора, БиХ, Бугарија, Романија и Хрватска заеднички ќе навиваат но дружбата ќе има хуманитарен караткер.

 

Средства ќе се  собрани од лотаријата и ќе одат за поддршка на лекувањето на Јана Арсовска.

Јана боледува од редок вид на карцином, во рамките на чие лекување има извршено две трансплантации на коскена срж. Химната на навивачите на Ливерпул – „YOU’LL NEVER WALK ALONE“ се слуша на собирот.