Рафаел Надал е голем навивач на фудбалскиот клуб Мајорка, беше на трибините на мечот со Ла Коруња и се радуваше на секој постигнат гол, средбата заврши со 3-0 што значеше враќање во елитата за овој клуб од Шпанија.

Надал е еден од најголемите навивачи на Мајорка која по шест години пауза се врати во најсилната фудбалска конкуренција на Шпанија.  Во финалето од плеј-офот, Мајорка на свој терен успеа да ги надокнади двата гола негатива од гостувањето во Ла Коруња