По летаргичниот пристап во првото полувреме, Шкендија во вториот дел против Тотенхем влезе со многу поголема мотивација и ангажираност на „Тодор Проески“.

Ова на тетовци им донесе иницијатива пред голот на Џо Харт но и израмнување. Нафио постигна прекрасен гол од далечина во 55 минута за 1:1, момент кој нема да му се допадна на Мурињо.

Овој гол носи надеж дека Шкендија може до чудо и пласман во следното коло во квалификациите од Лига Европа.

На ова Мурињо одговори со двојна измена, во игра ги нвесе Хари Кејн и Ло Селсо.