Футсал натпреварот меѓу селекциите на Грузија и Полска го одбележа можеби најспектакуларниот погодок во историјата на овој спорт. Тој беше дело на Родриго Андреи, Бразилец кој настапува за Грузија.

Грузијците изведуваа аут, соиграчот на Родриго ја уфрли топката кон средината на теренот, а Бразилецот направи пируета и со пета ја затресе мрежата на Полска.

 

Родриго по голот е изненаден, но тој потврди дека голот не бил случаен, а дали е тоа така проценете сами.