Управата на Атлетик Билбао и агентот на Инаки Вилиамс се договорија за долгорочна соработка. Напаѓачот потпиша нов деветгодишен договор со откупна клаузула од 135 милиони евра.

Овој договор влезе во историјата на фудбалот како втор најдолг по оној на Денилсон од Бетис во 2998 година кога Бразилецот стави потпис на десетгодишен договор.

„Се надевам дека ќе постигнеме големи работи и ќе го направиме клубот уште поголем. Тука е мојот дом, мојата куќа и ова е клубот кој ми даде се.“ – изјави Вилиамс.

Крилниот напаѓач дебитираше за Билбао во 2014 година а во меѓувреме беше поврзуван со трансфер во повеќе европски гиганти, ова лето беше најавуван како замена за Лукаку во Јунајтед.