Напаѓачот на турски Газиантеп, Мухамед Демир, на средбата од 22. коло на турското првенство не реализираше два пенала за само четири минути, на средбата со Ризеспор.

Тој во 58. минута при изведување на најстрогата казна ја погоди пречката. Кога, пак, четири минути подоцна беше досуден уште еден пенал, тренерот покажа дека ќе изведува друг фудбалер, но Демир не послуша и го изведе и овој вториот. Топката отиде преку голот, а тренерот тргна да го напушти стадионот.

Кога се смири тренерот веднаш го повлече Демир од игра.

И покрај се, Газиантеп славеше со 2:0.