Оли Мекбрни напаѓачот на Шефилд Јунајтед , кој оваа година не успеа да се спаси од испаѓање во Премиер лигата ја згрози целокупната спортска јавност во Англија и светот откако вчера на улица физички нападна навивач на Шефилд Јунајтед кој го провоцирал вербално.

Елиот Рајт, осигурителен брокер од Англија бил човекот кој го провоцирал Мекбрни кој потоа го нападнал и притоа му го скршил телефонот со кој овој го снимал.

По инцидентот, Рајт го пријавил физичкиот напад во полиција, а Мекбрни веднаш бил повикан на сослушување.

Од екипата на Шефилд Јунајтед сеуште немаат официјално соопштение за јавноста , освен податокот дека го разгледуваат случајот и најверојатно Мекбрни ќе заработи отказ од клубот кој најстрого ги санкционира ваквите испади на фудбалерите.

Ова е само дел од низата на скандали на Оли Мекбрни кој пред извесен период имаше проблем со алхохолот.