Дербито на 10 коло во Серија А меѓу Наполи и Аталанта заврши без победник 2:2. Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас мечот го проследи од клупата за резерви.

Домаќините поведоа преку Максимовиќ во 16 минута, пред крајот на првото полувреме, Фреулер израмни на 1:1.

 

Во вториот дел во игра влезе Лозано на местото на Мертенс, го раздвижи нападот на „Наполитанците“  што резултатираше со гол на Милик во 71 минута.

Аталанта до бод дојде благодарение на голот на Јосип Иличиќ во 86 минута. Во следното коло Аталанта го дочекува Калјари а Наполи гостува кај Рома.