Наполи грчевито се бори да ја надополни негативата против Гранада во 1/16 финалниот реванш во Лига Европа. По поразот на првиот меч од 2:0, тимот на Гатузо има уште едно полувреме за да направи чудо.
Ова откако во првиот дел на „Диего Армандо Марадона“ е 1:1, Зиелински му донесе водство на Наполи во 3 минута.
Гранада успеа магично да израмни во 25 минута преку Монторо и со ова да му испрати порака на домаќинот, ако сака осминафинале мора до крајот да постигне најмалку три гола а неговата мрежа да не се затресе.
Арсенал со голот на Обамејанг од 21 минута поведе против Бенфика со 1:0, Консалвес во 43 минута израмни на 1:1.
Ајакс има 1:0 против Лил благодарение на Класен.
Comments are closed for this post.