Наполи  го победи Беневенто на гости со 1-2, на средбата не настапи Елиф Елмас кој не беше во составот, се уште се опоравува од изолацијата поради коронавирусот.

На средбата по еден гол постигнаа браќата Инсиње, Роберто погоди во 30 минута за водство на Беневенто, Лоренцо израмни во 60 минута за Наполи.

Победничкиот гол е дело на Петања во 67 минута кој му донесе три бода на клубот од Неапол.