Наполи го задржи лидерското место на табелата во во групата Е во Лигата на шампионите откако победи на гостувањето кај Салзбург со 3:2.

Мертенс со два гола беше главен играч на тимот на Анчелоти, Инсиње го постигна голот за победа во 73 минута. Елиф Елмас влезе во игра во 80 минута на местото на Калјехон. За домаќинот двоен стрелец беше Халанд.

 


На вториот натпревар од оваа група, актуелниот шампион, Ливерпул прослави победа од 4:1 на гостувањето кај аутсајдерот Генк. Чемберлајн по паузата поради повреда се врати во првиот тим на Клоп и постигна два гола, прецизни за „црвените“ беа Мане и Салах.

Во следното коло Наполи и Елмас ќе го пречекаат Салзбург а Генк ќе му гостува на Ливерпул.