Фудбалерите на Наполи убедливо го победија Лацио во дербито од 14. коло во Серија А.

Натпреварот на стадионот „Диего Армандо Марадона“ заврши со резултат 4:0.

Пјотр Зиелински ја пронајде мрежата на гостите од Рим во седмата минута од играта,  по гужвата во шеснаесетникот.

Само три минути подоцна на семафорот гласеше 2:0, а голот го постигна Дрис Мертенс, по фантастичен дриблинг со кој го исфрли Патрик и го совлада Реина.

Белгиецот во 29. минута со вистински еврогол уште еднаш ја затресе мрежата на Лацио.

Конечниот резултат го постави Фабијан Руиз со прецизен удар од далечина во 85. минута.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра 25 минути во дербито, влегувајќи во игра во 65.минута.

Со оваа победа Наполи е осамен на водечката позиција на табелата, додека Лацио од шестото падна на осмото со убедливиот пораз поради гол разлика.