Наполи го победи Торино на гостински терен со два гола кои се реализирани во првиот дел, погодија Бакајоко и Осимен во 11 и 13 минута.

Се беше решено за две минути во првиот дел, со овие три бода, Наполи се искачи на четвртата позиција, го потисна Јувентус на 5. место, но и двата тима имаат по 66 бода.

Елиф Елмас имаше скромна минутажа, влезе во 85 минута, влезе во гол шанса но не успеа да погоди.