Барселона го победи Наполи со 4:0 на контролниот натпреваро во Мичиген. Нашиот репрезентативец Елиф Елмас го одигра првото полувреме во кое немаше голови.

Во вториот дел, каталонците го променија пристапот и тоа им донесе четири гола, Наполи не постигна ниту еден а во текот на целиот меч не успеа ниту да го погоди голот на противникот.

Луис Суарез даде два гола, по еден постигнаа Гризман и Дембеле.