Без Елиф Елмас кој остана на клупата за резерви, Џенаро Гатузо успеа да постави игра со која Наполи остана непоразен во Италија во воведната пресметка со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите на УЕФА.

Наполитанците по првото полувреме водеа со 1:0 благодарене на ремек делото на рекордниот гол на Мертенс во 30 минута.

Ова за репрезентативецот на Белгија беше 121 гол во дресот на Наполи со што се израмни со Хамшик на врвот на вечната листа на стрелци во историјата на клубот.

Во вториот дел, Барселона дојде до 1:1 со голот на Антоан Гризман во 57 минута.

Елиф Елмас остана меѓу резервите, шанса од клупата за Наполи денеска добија, Милик, Политано и Алан. Барселона на реваншот на 18 март на „Камп Ноу“ ќе игра без Артуро Видал кој заработи исклучување во 89 минута на „Сан Паоло“.

На вториот осминафинален натпревар одигран вечерва во Лондон, Челси загуби од Баерн минхен со 3:0.