Наполи ја прегази Рома со 4-0, убедлива победа на клубот од Неапол, Инсиње постигна голчиште, Елиф Елмас учествуваше во акцијата при постигнувањето на третиот гол.

Инсиње донесе предност на Наполи со прекрасен гол од слободен удар, реализираше маестрално во 31 минута од средбата.

Во второто полувреме уште три гола во мрежата на „волчицата“, Руиз , Мертенс и Политано ја демолираа Рома за конечни 4-0.

Елиф Елмас влезе во игра во 77 минута, веднаш имаше шанса за гол, шутираше од дистанца, одбиената топка ја прифати Мертенс и погоди од лесна позиција.

Наполи има 17 бода колку и Рома и Јувентус, овие  екипи се на делба на четвртата позиција.