Наполи ја реши Перуџа во Купот на Италија со 2-0, Елиф Елмас ги одигра сите 90 минути.

Головите за Наполи ги постигна Инсиње во 26 и 38 минута од првиот дел.

Перуџа не искористи пенал преку Јемело во финишот на првиот дел. Со оваа победа Наполи обезбеди четвртфинале во Купот на Италија.