Екипата на Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас , Наполи славеше убедлива победа  против екипата на Сампдорија со 0-4 во рамките на 5 коло од Италијанската Серија А.

Со оваа победа, тимот од југот на Италија продолжи со перфектен биланс во првенството. Со 15 бода и гол разлика од 14 дадени и само два примени гола, Наполи покажува дека има квалитет дури и за шампионска титула, која ја чека дури 31 година.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во игра влезе во 68. минута од натпреварот на местото на Зјелински, добивајќи овој пат одмор од Лучијано Спалети од самиот почеток.