Фудбалерите на Наполи дојдоа до  победа од на гостувањето против Специја во 35. коло од Серија А, со која се пробија  на втората позиција на табелата во италијанскиот шампионат.

Зјелински погоди во 15. минута, а Осимхен беше стрелец на следните два гола, во 23. и во 44. минута, со што прашањето околу победникот беше решено уште по првиот дел.

Специја единствено што направи до крајот на мечот беше погодокот на  Пиколо во 64. минута, додека во самиот финиш Лозано ги постави конечните 1-4.

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас натпреварот го започна како резерва и ги одигра последните 15 минути.