Наполи едноствано ја прегази Фиорентина со 6-0, моќно издание на тимот на Џенаро Гатузо кој ја запиша единаесетата победа сезонава.
Серијата голови ја отвори Инсиње кој постигна два гола на мечот, следуваа голови на Деме , Лозано, Зјелински и Политано за нокаут на екипата од Фиренца.
Елиф Елмас тргна од клупата за резервни играчи и во игра влезе во 73 минута од средбата. Наполи има 34 бода и во моментот е на 3 место, Фиорентина остана на 18 бода на 14 место.
Comments are closed for this post.