АЗ Алкамaр и Наполи одиграа 1-1, по бод за двете екипи во рамки на групата Ф во Европа лигата.

Елиф Елмас влезе во игра во 58 минута од средбата, Наполи поведе со голот на Мертенс по само 6 минути игра.

АЗ Алкмар стигна до бод со голот на Мартинс Инди постигнат во 54 минута. Треба да се истакне дека домашните не искористија пенал во 59 минута, Наполи треба да е задоволен со овој освоен бод.

На табелата во Ф групата води Наполи со 10 бода пред Реал Сосиедад и АЗ Алкмар кои имаат по 8, последна е Ријека со само еден бод.