Наполи ја запиша четвртата победа на подготовките, триумфираше против Висла Краков со 2-1, Елиф Елмас беше стартер, изнуди и пенал за својата екипа.

Висла поведе со голот на Браун во 6 минута, во 29 минута пенал за Наполи кој го изнуди Елиф Елмас не успеа да го искористи Политано.

Политано се извади за промашениот пенал во вториот дел со гол и со оној на Машаш, Наполи стигна до победа со пресврт. Елиф Елмас ги одигра сите 90 минути.