Гранада избори историски пласман во осминафиналето во Лига Европа, додека Наполи го заврши настапот во Европа за оваа сезона.

Наполи победи против Гранада со 2:1 во реваншот од 1/16 финалето на „Диего Армандо Марадона“ но поради поразот од првиот меч од 2:0, во следната елиминациска рунда патува шпанскиот тим.

Зиелински го отвори резултатот во 3 минута.

Гранада израмни преку Монторо во 25 минута.

Конечните 2:1 беа дело на Руиз во 59 минута, по што Елиф Елмас беше повлечен од игра а на негово место влезе Мертенс.

По овој пораз големи се шансите Џенаро Гатузо да добие отказ од Де Лаурентис во текот на следните 48 часа, прогнозираат медиумите од Италија.