Аркадиуш Милик од Наполи се пресели во Франција, тој е нов играч на Олимпик Марсеј кој го претстави Полјакот како ново засилување.

Наполи и Олимпик Марсеј го потврдија договорот, Милик прво ќе настапува као позајмен играч со право на откуп од страна на клубот од Франција во следните 18 месеци, финансиски детали нема, но се претпоставува дека клубот од Неапол ќе заработи околу 8 милиони евра.

Милик во Наполи играше речиси 5 сезони, запиша 48 голови во 122 настапи за екипата од Неапол.