Наполи со победа ја отвори новата сезона откако славеше на гостувањето кај Парма со 2:0 во 1 коло од Серија А.

По првото полувреме немаше голови. Поради ова Гатузо се одлучи ја направи првата измена во 61 минута кога на местото на Деме го внесе во игра новото засилување Осимхен.

Првиот гол „падна“ во 63 минута, прецизен беше Мертенс.

На 2:0 зголеми Инсиње во 77 минута.

Нашиот репрезентативец, Елиф Елмас доби шанса во 84 минута кога го замени Руиз.

Во следното коло Наполи ќе ја дочека Џенова и Горан Пандев а Парма ќе и гостува на Болоња.