Фудбалерите на Наполи на пауза заминаа со минимална предност во воведната осминафинална пресметка во Лигата на шампионите против Барселона предводена од Меси и Гризман.

Мертенс беше играчот на Гатузо во воведното полувреме, напаѓачот ефектно реализираше во 30 минута по додавањето од Зиелински.

Во второто полувреме очекуваме стратегот на Наполи да му даде шанса и на нашиот Елиф Елмас кој е на клупата за резерви.

За Мертенс ова беше 121 гол во дресот на Наполи со што се израмни со достигнувањето на Марек Хамшик.

На вториот осминафинален натпревар кој се игра вечерва во Лондон, по првото полувреме Челси и Баерн Минхен одиграа без голови, 0:0.