Манчестер Јунајтед ги минува најтешките денови во последните 30 години, а катастрофалните резултати, предизвикаа разочарување кај огромниот број на фанови ширум светот. з

Последниот пораз од Њукасл во Премиер лигата го натера еден млад навивач од Кенија да си го одземе животот.

Не можејќи да ја гледа кризата на „Црвените Ѓаволи“, тој се фрлил од седми кат и им подлегнал на повредите.

Овој непромислен потег на Кениецот ја потврдува констатацијата дека фудбалот кај голем број на луѓе значи повеќе од живот.