Дерби дуелот меѓу Емполи и Фиорентина во саботата, заврши добро за домаќините, кои славеа со 2:1. Но, покрај победата овој меч го одбележа и новинарката која го следеше, убавата Грета Бекаља.

Додека известуваше во живот надвор пред стадионот еден од фановите реши да ја удри по задникот. На снимката може да се забележи дека навивачот прво и ја бакнува раката, а потоа го направи необичниот потег. А потоа во кадар влезе и друг навивач, кој покажа среден прст.

„Жал ми е, но не можеш да го направиш тоа. Не можеш“- му рече новинарката по потегот.

Полицијата веќе покренала истрага за сексуална злоупотреба. Откако ја заврши својата задача новинарката се огласи на социјалните мрежи.

„Вознемирувањето е снимено во живо на телевизија додека ја извршував својата здача во тој момент, за жал добро знаеме дека истото им се случува и на другите жени и тоа во моментите кога камерите се исклучени, а за тоа никој не зборува. Она што се случи е неприфатливо, не смее да се повтори никогаш повеќе“- кажа Грета.