Навивачите на Аталанта во хуманитарна акција во изградбата на привремена болница во Бергамо, еден од градовите кои имаат најмногу заразени со коронавирусот.

Припадниците на „Ултрас“ од Бергамо помагаат во изградбата на привремената локална болница со маски на лицата, се појавија на градилишитето и решија да учествуваат во изградбата.

Воедно во Италија се шпекулира дека најмногу заразени со Ковид-19 има меѓу навивачите кои го следаа дуелот на Аталанта и Валенија во ЛШ.