Реал Мадрид во Барселона го освои првото Ел Класико оваа сезона со 1:2, кое се одигра во десеттото коло од Ла Лига.

Во големи проблеми поради ова беше тренерот на Барселона Роналд Куман еден час по натпреварот. Навивачите го чекаа толку време пред стадионот.

Кога неговиот автомобил конечно излезе, навивачите го опколија и се обидуваа да се пресметаат со него. Му викаа да поднесе оставка и да ја напшти Барселона.

Со Куман во автомобил беше неговата сопруга која беше во шок.

После се на крајот се огласи и Барселона, која го осуди ваквото однесување на фановите.

Претседателот на клубот Хоан Лапорта и пред Ел Класико кажа дека Барселона ќе го задржи Куман без оглед на резултатот од дербито.