Ливерпул вчеравечер го совлада Ајакс со 1:0 со голот на Џонс и го завери својот пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Ова сепак е во втор план за навивачите на островскиот фудбал кои гласно го критикуваа Онана, голманот на Ајакс кој се поврзуваше со трансфер во Челси.

Овој кикс ја потврди одлуката на Лампард кој во летниот преоден рок се реши за ангажман на Менди. Онана исто така се поврзуваше и со преселба во Барселона и во Рома.