Навивачите на белградска Црвена Звезда во текот на натпреварот од првото квалификациско коло од фудбалската Лига на Шампиони против литванската Судува упатија порака во знак на подршка на некогашниот фудбалер на оваа екипа и легенда на клубот Синиша Михајловиќ кој во саботата објави дека боледува од леукемија.

” Се роди знаејќи што е живот,а го живееше знаејќи само за победа. Синиша победи ” пишуваше на транспарентот кој го истакнаа навивачите на Црвена Звезда за време на мечот.