Фудбалерите на Рома беа испратени од своите навивачи во една фанатична  атмосфера налик на освоена титула, а не како за првиот меч кај Манчестер јунајтед во Лига Европа, меѓутоа позадината на сево ова е повеќе од јасна.

Солскер изјави дека нема големо познавање за Рома, по што навивачите на „Римската волчица“ почнаа да поставуваат и транспаренти низ Рим како мотивација за фудбалерите со порака „погрижете се да не запомнат“, а на истите беше Солскер.

Инаку „Римската волчица“ нема освоено ниту еден трофеј од 2008 година па наваму, последен пат тоа го стори во Копа Италија.