Навивачите на Валенсија денес излегоа на улиците и започнаа протест против сопственкиот на клубот Питер Лим и бараат тој да го напушти односно продаде клубот од „местаља“.

Валенсија веќе неколку години е далеку од Шпанскиот фудбалски врв а оваа година се најде дури во ситуација да се плаши за опстанок во Примера.

Кризата е евидентна и трае со години, а незадоволните навивачи се разочарани затоа што клубот ги продаде сите важни играчи. Сопственикот Питер Лим е омразена личност.

Сингапурскиот бизнисмен кој важи за еден од најбогатите луѓе во светот , и неговото богатство се проценува на 2,7 милијарди долари ја презеде Валенсија во 2014.година и иако вети дека ќе го врати стариот сјај на „љиљаците“ ништо од тоа не се случи.

Тренери се менуваат на секои неколку месеци, се продаваат нешто подобри играчи и нема вистински систем. Затоа, многу навивачи на Валенсија излегоа на протест.