Навивачите на Манчестер Јунајтед влетаа на Олд Трафорд, барајќи заминување на сопственикот на клубот после неговото вплеткување во основањето на Суперлигата, а после долгите протести одлпожено е дербито против Ливерпул, кое требаше да започне од 17:30.

Се уште не е познато кога ќе се одигра дербито, но сепак двата тима ги објави составите за мечот.

Јирген Клоп на теренот планираше да истрча со: Алисон- Александер Арнолд, Филипс, Кабак, Робертсон- Фабињо, Тиаго Алкантара, Милнер, Мане, Фирмино, Салах

Оле Гунал Солскјер пак се одлучи за: Хендерсон- Ван Бисака, Линделоф, Мегваер, Шо- Фред, МекТоминеј, Погба- Бруно Фернандеш, Рашфорд, Гринвуд.

Навивачите скрпиле неколку камери за снимање на мечот, јавува новинарот на Атлетик, а поранешен фудбалер Стен Колимур, кој објави видео од тој инцидент.

Играчите на Јунајтед и Ливерпул се уште не успеале да го напуштат хотелот, поради протестот на навивачите и не знаат кога ќе тргнат кон Олд Трафорд. Скај Спорт јавува дека главниот судија Мајкл Оливер успеал да стигне на стадионот.