Шест натпревари по ред Џенова не успева да освои да победи, на пет натпревари по ред во Италија, екипата предводена од Тиаго Мота освои само два бода а вечерва загуби на домашен терен од Торино со 1:0.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Бремер по асистенцијата на Верди во 77 минута. Со ова Торино се стабилизираше на средината од табелата со 17 освоени бодови додека Џенова остана во зоната за испаѓање на 18 место со 10 бодови и натпревар повеќе од Спал и Бреша.

Македонскиот репрезенатиен капитен, Горан Пандев го одгира целиот натпревар за Џенова што представува раритет за напаѓачот кој по доаѓањето на Мота има се поголема минутажа. Ова беше само втор натпревар за Пандев со 90 минути по оној против Удинезе на 3 ноември во оваа сезона во Серија А.