Реал Мадрид славеше со 4:1 на гости кај Гранада и така ја задржа шансата во последните две кола да го престигне Атлетико и да дојдат до одбрана на титулата.

Зинедин Зидан од првата минута му даде шанса на Марвин Парк, играчот од младинската школа на Реал Мадрид, но играчот од средниот ред мораше да го напушти теренот поради тешка повреда.

Имено, играчот на Гранада Дарвин Мачис, со груб старт од зад грб го нагази Парк и му го повреди зглобот, поради што младиот играч на Реал Мадрид мораше во болница.

Се појавија фотографии од повредата која изгледа навистина грозно. Мачис за ова не доби ниту жолт картон.