Баерн Минхен и Ајакс одиграа 2:2 на Алијанс Арената во рамките на Ауди купот.

Холанѓаните одлично го отворија мечот со голот на Халер по само 10 минути по асистенција на Лабјад. Барците израмнија половина час подоцна со голот на Чупо Мотинг по асистенцијата на Сар.

Сепак, во центарот на вниманието се најде младиот играч на Баерн, Зиркзе кој успеа да го издрибла противничкиот голман, и не му преостануваше ништо друго освен рутински да ја смести топката во мрежата. Но, ги шокираше своите играчи со својот потег и несериозност, во последен момент еден од дефанзивните фудбалери ја отстрани топката од неговите нозе.

За навивачите на минхенскиот клуб воопшто нема да биде изненадување доколку тренерот Нагелсман поради овој потег го „отпише“ Зиркзе за следната сезона.

На стартот од вториот дел Нианзу се погрижи за предност на Гермаците чија радост траеше само 120 секунди, бидејќи за нов егал на средбата донесе Јенсен.