Бате Борисов славеше на гостувањето кај Минск со 3:0 во 4 коло од првата лига во Белорусија која е активна и покрај коронавирусот.

Голот на натпреварот, колото а и на досегашниот тек од сезоната беше дело на Нехајчик во 62 минута за 3:0.

Потврдата на сезоната доаѓа во стилот на Артим Шакири и неговиот убавец против Англија во ремито на Македонија во Саутепмтон од 2:2.

Непосредно пред голот, самиот Шакири на социјалните мрежи не потсети на овој убав момент од историјата на македонскиот репрезентативен фудбал.