Баерн Минхен се соочува со мини криза во своите редови откако по првото полувреме на пауза замина со негатива од 1:2 против ПСЖ на „Алијанц Арената“ во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Мбапе го отвори резултатот во 3 минута а Маркињос зголеми на 2:0 за ПСЖ во 28 минута, асистент на двата гола беше Нејмар.

За Баерн Минхен погоди Чупо Мотинг по додвањето од Павард во 37 минута.

На натпреварот во Севиља, Челси води против Порто со 1:0 со голот на Мејсон Маунт од 32 минута.