Европскиот првак Ливерпул ја анулираше предноста на Атлетико Мадрид (0:1) по првите 45 минути, откако Вајналдум погоди за 1:0 во реваншот на „Енфилд“ од осминафиналето од Лигата на шампионите на УЕФА.

По прекрасната одбрана на Облак против Фирмино во 36 минута, репрезентативецот на Холандија успеа да реализира во 43 минута.

Во Франција ПСЖ води со 2:0 против Борусија Дортмунд со головите на Нејмар во 28 минута и на Бернат во 45 минута. Овој резултат го води тимот на Тухел во четвртфиналето од ЛШ.

Мечот во Германија заврши со победа на „Милинерите“ од 2:1.