Последното коло во групата Х ќе одлучува кој ќе игра во осминафиналето од Лигата на шампионите а кој во Лигата на Европа.

Ова доаѓа по победата на ПСЖ кај Јунајтед од 3:1 во 5 коло. За гостите два гола постигна Нејмар, еден Маркињос. Едиствениот за домаќините беше дело на Рашфорд. Фред заработи црвен картон во 70 минута.

На табелата лидер е Јунајтед поради подобрата гол разлика но и ПСЖ и Лајпциг имаат ист број на бодови, девет. Во последното коло Јунајтед гостува кај Лајпциг а ПСЖ го дочекува Башакшехир.

Челси со победата кај Севиља од 4:0 го обезбеди првото место во групата Е. Четирите гола за Челси беа дело на Оливие Жиру.