Фудбалерите на Бразил со победа го започнаа овогодинешното учевство на Копа Америка откако ја совладаа Венецуела со 3:0.

Домаќинот на турнирот поведе преку Маркињос, на 2:0 зголеми Нејмар од пнела а потоа му асистираше на Барбоса за конечни 3:0.

Во следното коло Бразил ќе игра против Перу на 18 јуни.

На вториот натпревар од групата Б, Колумбија со 1:0 го совлада Еквадор со 1:0 со голот на Кардона од 42 минута. Во следното коло Колумбија ќе игра со Венецуела.