Сите проблеми кои настанаа во Барселона и заминувањето на дел од првотимците се чини дека се минато.

Ова е заклучокот од денешната представа на избраниците на Куман во дуелот со Виљареал.

Барселона победи со 4:0, двоен стрелец беше Ансу Фати, еден гол постигна Меси а Торес ја затресе својата мрежа. Сето ова се случи во првото полувреме.

Во следното коло, Барселона ќе и гостува на Селта Виго, Виљареал е домаќин на Алавес.