Одложениот натпревар меѓу Салцбург и Ајнтрахт Франкфурт од Лигата на Европа заврши со резултат 2:2.

Овој резултат го потврди пласманот на Ајтрахт во осминафиналето, бидејќи првиот натпревар германскиот тим го доби со 4:1.

Во осминафиналето германскиот претставник ќе се соочи со Базел.

Салцбург поведе со голот на Улмер во 10 минута, но во 30. минута израмни Силва, кој го постави резултатот од првото полувреме.

Салцбург поведе и во вториот дел од средбата, кога Онгуене беше прецизен во 72. минута. Сепак, Ајтрахт избегна пораз во 82. минута, со вториот гол на Силва.

 

.
.
.