Македонската фудбалска репрезентација во Вршава го одржа првиот тренинг, се работеше на стадионот на „Полонија“, неофицијален, на кој и покрај исцрпувачкиот меч со Словенија, репрезентативците изгледаа одлично.

Адеми и Алиоски не тренираа, играчот на Динамо Загреб е под знак на прашање, има повреда, дали ќе настапи ќе се знае утре по официјалниот тренинг.

Средбата меѓу Полска и Македонија се игра во недела на Националниот стадион во Варшава.