Фудбалерите на Штудгард го претрпеа деветиот пораз оваа сезона во 2 Бундес лига и со ова си ги искомпликуваа шансите за пласман на првото место на табелата.

На денешниот натпревар во составот на Штудгард го немаше нашиот репрезентативец, Дарко Чурлинов кој се очекуваше да добие шанса барем во второто полувреме.

Карслуе поведе со голот на Ваничек во 7 минута, Штудгард се врати во игра преку Гонзалез кој реализираше од пенал во 35 минута.

Конечните 2:1 за Карслуе беа дело на Фроде во 72 минута.

Во следното коло Штудгард ќе го дочека Сандхаузе, по 31 коло тимот каде што настапува Чурлинов е на третото место на табелата со 52 бода, еден повеќе има Хамбургер додека Арминија Билефилд е на лидерската позиција со 58 бодови и натпревар помалку.