На натпреварот меѓу Партизан и Дунајска Стреда во второто квалификациско коло се случија нереди откако на стадионот почна да се слуша погрдно скандирање на сметка на српскиот претседател Александар Вучиќ.

На источната и западната трибина навивачите скандирале „Вучиќу пе*еру“, а групата хулигани се обиди да ги прекине, но не поминаа добро и брзо избегале назад на југ.

Владимир Вулетиќ, поранешниот потпретседател на Партизан и основач на движењето „Црно на бело- за праведна Србија“, на Твитер сподели видео од трибините со коментар:

„Некои фини луѓе тепаат безобразен народ кој протестира Вучиќу пе*еру.“