Денес се одиграа  натпреварите од 8 коло во ПМФЛ.

Дербито помеѓу Академија Пандев и Шкупи ќе се одигра со почеток во 18. часот а во останатите дуели кои беа на програмата од 15.часот беа постигнати интересни резултати.

Екипата на Струга продолжи со добрите домашни настапи против Шкендија  и одигра реми (1-1) против шампионот во рамки на осмото коло од Првата македонска фудбалска лига.

Двете полувремиња на натпреварот понудија по еден гол. Прва поведе Струга Трим Љум, уште во 11. минута, кога Скендери  го искористи невниманието на одбраната и успеа да ја смести топката во мрежата на Захов.

Шкендија  почна да игра добро во второто полувреме и тоа го круниса со гол. Гостинот од Тетово изедначи во 80. минута кога во казнениот простор добро се снајде новото летно засилување Тимовски.

Екипата на Тиквеш со новиот тренер Костов , успеа да ја совлада екипата на Македонија ЃП која е во криза со 3-0

Екипата на Пелистер  го шокираше големиот фаворит Работнички  и со гол во самиот финиш му откина два планира бода, откако Антонио  во 92. минута го пронајде патот до мрежата на Јанков.

Ренова во највозбудливиот меч ја здроби Брегалница со 5-2 за привремено барем неколку часа да е лидер на прволигашката табела, а дали ќе остане таму ќе зависи од исходот на дербито во Струмица и евентуалното реми на Пандевци и Шкупи.

ПМФЛ 8 Коло Резултати:

Работнички – Пелистер 1-1

Борец- Скопје  0-2

Ренова – Брегалница 5-2

Струга – Шкендија 1-1

Академија Пандев – Шкупи 18-00ч.